Луѓето деноноќно ги лепеа лицата на прозорците како фрески и гледаа во снегот што непрестајно паѓаше молејќи го господа да запре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јас ја замислував како кртица која рие и се крие во земјата или лета и фучи како лилјак во темнината, како алетина завива над коријата, над планината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Упорноста на сонцето умее да пресели Цели езера на небото А мртвиот поглед го има осетот на кртот Кој ќе ископа и премногу мрак за да излезе
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Чистејќи го снегот, луѓето личеа на кртови кои ријат а не се гледаат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)