И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Шеташе тој со нозете, низ скоро празната соба, како да црташе невидливи кругови околу неа..
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Свртеа еден круг околу куќата во која живеев, некој фрли и со камен по прозорецот од собата, стаклото се скрши, и јас видов дека Луција избега, дека побрза пред редот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Огинот спласнуваше. Мракот сѐ повеќе го стегаше кругот околу Аргира и Велета.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)