Новата британска уметност за којашто овде ќе стане збор втемелена е во комбинацијата на обете „присили на повторување“ и затоа функционира и како критика и како субверзија на популарниот код во којшто се наоѓа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Меѓутоа, и самиот популарен код, со кој оваа уметност се напојува, функционира како реметење на принципот на константност кој го наметнува идејата за висока култура достапна на оние со „поистенчен вкус“.