Иако можностите што ги отвора развојот на современите комуникациски технологии сé уште во потполност не се истражени, веќе сега знаеме доволно за да можеме да тврдиме дека онаа универзална, глобална слика на светот (со одредена култура или низа култури што доминираат) му припаѓа на минатото.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ете зошто се склони да одрекуваат секакво учество во геј- културата или секаква свест за нејзиното постоење, иако одвреме-навреме активно се вклучуваат во животот на геј- заедниците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од што точно се плашат сите тие луѓе?
Дека грижливо поставената фасада на геј- мажественоста, со маки добиена благодарение на поединечен и колективен труд, ќе им се урне како кула од карти и ќе ги открие оцртите на она одвратноно Друго, самовилата или кралицата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Непосредна цел е да се расветлат некои прагматични одлики на машката геј-култура и да се опишат облиците на субјективно искуство или колективните структури на чувствување, кои особените начини на интеракција и комуникација ги пројавуваат или ги предизвикуваат кај оние лица, било да се геј било да се стрејт, што учествуваат во културата составена од такви генерички практики.
Сигурно би било возможно оваа постапка да се примени на конкретни подоблици или видови на машката геј-култура – етнички или расни или национални или генерациски или сексуални – и да се определат, да се опишат и да се посочат генеричките одлики што ги определуваат латиногеј-културите, или еврејските геј-култури, или геј-културите на работничката класа или геј-културите на глувонемите, или нa садо-мазогеј-културите или на дрег-геј-културите, или на геј-културите на американската урбана младина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Особено го повредува службеното постоунволско вјерују дека геј-мажите воопшто не се различни од никого друг, дека изборот на сексуалниот објект нема никаква врска со родовиот стил, дека геј-сексуалноста не е сврзана со женственоста и дека хомосексуалноста е сексуална ориентација, а не култура или поткултура.
Што, несомнено, е причината поради која мојот предмет предизвика толку многу противност кај многумина геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А француската култура, во некои од своите генерички облици и одлики, може да им биде заедничка на луѓе што не се Французи, но кои живеат во Франција или ѝ се восхитуваат на француската култура или кои се идентификуваат со француската култура или кои усвоиле некои стандардни практики што ја карактеризираат француската култура.
Впрочем, поимот „култура“ изгледа некако сурово, непрецизно и сосема врзан за културата за да се користи во овој контекст – поим од деветнаесеттиот век, европски и повремено шовинистички поим, извалкан со неговата вмешаност во подемот на национализмот, со појавата на научниот расизам, со развојот на викторијанската општествена наука и со ширењето на западниот империјализам, за кој идејата на културната надмоќност понекогаш овозможувала згодно оправдание.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, предмет што прави преглед и испитување на материјалите врз кои геј- мажите (и поединечно и во групи) изградиле заедничка култура или заеднички култури, исто така ќе биде и предмет што ќе ги иницира студентите, и оние стрејт и оние геј, во културната практика на машката хомосексуалност, до оној степен до кој таа практика се состои токму од споделувањето и испитувањето на таквите материјали.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)