Домашните, за кои уште беше Дуде, немаа ништо против новите другарки што ја викаа Горде; и тие го одмолчија и не го изустија повеќе она Груда, што некако одеше на село ама никако не личеше за в град, особено што кумот повеќе ни се објави ни се појави од туѓина и неговото кумство некако само од себе отиде по вода.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)