Но како никој жив од Потковицата немаше или нејќеше ништо лошо да каже за Јована, властите се налутија и ги нападија железничарите од станицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)