куче (имн.) - да (сврз.)

А Србин стана, се потокми, се затресе и навистина отиде, Шишман остана затаен на местото како зајак што страхува секој момент кучиња да не го налајат во дувлото каде што се скрил.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Околу мене ни порта да торпне, ни ламба да блесне ни, куче да залае.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А таму, во тоа Идризово, куче да врзеш, не издржува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И не се памети, ме разбираш или не, куче да задавело волк.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме фаќа некој бес, како бесно куче да имам врзано за срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дресерот разбеснат за смртта на кучињата, го зеде мртвото тело на Јандро и го фрли на кучињата да го јадат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
7. РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ЛАЕ - добро е, пак, што не те и каса, кој такво куче да израни знаел ќе знае и пред него да вјаса...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да не ја земе. Свршивме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И после почнаа и други кучиња да фрлаат во огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почнуваат и кучиња да лаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небаре кучето да ја носи болеста, небаре останало за да остане и болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оѕвиваше како борија. Неговиот глас ги поведуваше, ги предизвикуваше и другите кучиња да лаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)