Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Геријатрија и педијатрија Кога куќата ми беше долу педијатрија, горе геријатрија, а живеев во убедување дека семејството многубројно ми е складно и полно со љубов, денот ми беше долг како три, а јас бев исполнета.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Отпаднаа всушност сите ѕидови сѐ што беше вертикално, се слизнаа надолу во некоја бездна, и , кога погледнав преку еден од паднатите ѕидови, видов како куќата ми виси во еден празен простор под неа, еден бескрајно празен простор под неа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Можеби не ме сакаат затоа што не се мои, сите се на Александар, сѐ е на Александар, и како што ми се лути тој, сите предмети во куќата ми се лутат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Куќата ми белее во просторот, а главата цути среќна и пресреќна. Насмеана.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)