(„Сакаш само да ме искористиш“, му напиша Мица на Марка, а Марко ѝ одговори: „Војник на Југословенската армија не лаже!“) и неколку пати дури и се помилуваа во мракот, под сенката на некое дрво или зад аголот на некоја куќа после што на Едо како да му остана во дланката цицето на неговата Мица какво што одвај заврзано, тврдо и горешто, успеа да го здобави на голо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)