Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Веле навистина гореше од желба, целиот се занесуваше штом ќе застанеше пред убава куќа или ги гледаше старите мајстори како работеа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Значи откако ќе се вратев од плажа, јадев, па пиев кафе со газдарицата на куќата или со Американката која беше сместена во собата до мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Дворот пред куќата на Богдан преполн е со свадбари; едни играат оро, други седат на клупите крај ѕидот од куќата или крај масите под дрвјата, држејќи во рацете пагури со ракија и савчиња со вино, испотени од играње, од припекот на жешкото сонце.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но кога му ја донесоа дома и кога требаше да ги спојат, тој избега од дома и живееше во плевните или во некои напуштени куќи или во камбанаријата на црквата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Погледот на доктор Батибиус врз неа е всушност нашиот поглед низ отворите во Дишановото дело, а водопадот можно е да укажува на протечната вода во ровот од Маркеловата куќа или дури и на возот во трката со велосипедите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ќе се внесува ли ковчегот во куќата или не ќе се внесува?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Што туку си се разврескал! – му се вдаде тетка ми – каде си пак ти толку долго?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во меѓувреме се врати и Љубе, расположен по прошетката и уште од врата викна: - Ќе се вечера нешто во оваа куќа или ќе се умира од глад?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со својата видовитост започна да им кажува на луѓето во чија куќа или двор има закопано пари.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Железничарот Круме имаше дури впечаток дека доаѓа до своите права - за задржување на старата локација од својата куќарка или за извојување на нова локација за гробот на Митруша - не толку по силата на самите права, колку по здодевноста на своето присуство.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Некој од стрелците со свои стихови му рекол дека познава измирски крмнак со име Селџик-бег; на тој крмнак кучиња ќе му ги кинат дробовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Другите гласно се смееле. Од мракот на куќата или кулата им се придружил истрел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Инаку, секој својата куќа или куќарка си ја варосуваше сам за Велигден, најчесто жените со изабени четки на долги дршки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Вистинска, зашто Клара, значи – никако другото, никако да не ја чувствувам како ѝ студи или како ја мачат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Преку плоштадот Владас продолжив до почетокот на мостот, малку со одење и со желба понекогаш да останам во куќите или по излозите, кај преоблечените момчиња или фонтаните со високи јунаци со побелени пелерини, Тадео Аланко и Владислас Нерој, пијачи на токај и чембалисти.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се отсели Тане, а Оруш долго време размислуваше што да прави: да продолжи ли да ја гради куќата или не.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Спиејќи ноќе мирно, спокојно, Богуле наутро стануваше свеж, наспан, весел и се зафаќеше да работи нешто во куќата или во нивата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)