Второто, може ли за мала лага да се смета нешто кое во иднина ќе стане голема вистина? – Секако. – Зошто тогаш не земете и Вие малку од својата љубовна напивка, што нам толку несебично ни ја нудите?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На ова прашање, на Рада не ѝ преостануваше ништо друго , туку на лага да калеми лаги.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се плашеше лагата да не се прочита во нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мојата трета лага, која во иднина ќе стане вистина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А сакам да се уверам дали моето лице го фаќам, дали мојата слика ја пофаќам. И сѐ така, како на лага да се гледам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама што ќе правиш: понекогаш сакаш и лагата да е вистина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мораше некои страници полни со лага да бидат избришани. Мораше токму пред пристигнувањето на Ѓорѓе картите да бидат отворени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)