лага (имн.) - ќе (чест.)

Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подоцна некој главен мозок од Внатрешната партија ќе ја одбере оваа или онаа верзија, ќе ја редактира и ќе го стави во движење сложениот процес на неопходното исправување на текстовите поврзани со овој и тогаш избраната лага ќе биде сместена во архивата и ќе стане вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистините кои се толку едноставни, а кои постануваа лаги ќе ги заменам со високи внатрешни прозорци преку кои ќе влезе чист воздух и мирис на пролетно изгрејсонце. Како почеток на нешто убаво.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
После сите тие грешки, погрешни избори и лажни импулси на чувства научив да сакам искрени и верно и со срцето и со умот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Целосната вистина и целосната лага ќе беа повторно претешки за Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во оној миг кога лагата ќе допреше до нејзината свест, Криста само климнуваше со главата, замолкнуваше, и животот продолжуваше. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето кога луѓето сѐ уште верувале дека земјата е рамна како плоча, во времето кога тие трепереле при помислата на Страшниот Суд, се плашеле од пеколот и му се надевале на рајот, во секој од градовите било вообичаено одвреме навреме лудите да бидат заробени во кафези и да бидат однесени на плоштадот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За лагата ќе речеме дека таа не го одразува вистинито сето она, што го гледа; некојпат истото не го одразува сосема вистинито, некојпат дури и сосема невистинито.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А вистината ќе ја наречеме вистина, или речиси вистина, или вистина во голема мера.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)