Стрелката молкум откружи два пати. 18 и 39, а јас сè уште зјапав во бројките, кога чув – од левата страна доаѓа Зоре, келнерката, претпоставувам со вообичаената полунасмевка, која нормално, очекуваше некоја од моите заебани досетки од типот „Што пренесува камионот ладилник низ пустина? – Двојка Ескими на свадбен пат“ или „Зошто една русокоса се смрзнала пред компјутерот? – Заборавила како се затвора Windows“ (Зоре, инаку, беше бринетка).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Времето, нормално, малку се помрдна. 18:42:15.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)