Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Јас не му орам, ни му јада. Неќу на патот да и сретна не пак лебот да му го јада!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еднаш беше сум ја заборавила вратата од печалката отворена. И влегле кокошките. Му се навртеле на лебот да го колват.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Ќе се глава негде, дотко. Ќе бера дрва кај некој чорбаџија, колку лебот да го јада и пинците да и кина, — ѝ велеше Крсте на сестра си Бисера со плачни очи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само леб да не бара, оти леб нема и овдека, на овој век, ваму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој, прикрепникот мој, едвај вадеше по некој грош леб да донесе, та за в'на и козина ниет не стори да купи Токо . ,. дај ми ношчо Илково ако миа за потплетување: некој калци, некој чорапи или некоа аба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Порано тешко одлучувавме и каков вид леб да купиме за јадење).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)