Тоа беше огромен проект со капацитет од илјада и пол луѓе, и со светла во боја и винилни ленти кои висеа од плафонот, и со филмови и слајдови, и интерна телевизија, и бутик и останатото. што се однесува до бендовите - Велветите свиреа на отворањето.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Танка црвена лента која се врзува на чорапите врз врвци подница — црепуља за леб печење позавалани — припростички (ни се мажјето) поизгибри — 1) се позачисти 2) пооздраве, му светна лицето покров — покривач од волна и козшга кој служи место јорган пола-до пола — блиско одење та полите од гуните им се допирнуваат пола — едната страна од вратата полупка — поклопец на грне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беа облечени во винил и антилоп и пердуви, во фустани и шарени чорапи и кондури со патенти, и сребрени и златни мини- мини сукњи, и Пако Рабан фустани со пластични дискови, и yвонарки, и кратки фустани кои се ширеа од рамото надолу, а тоа доле се наоѓаше прилично над колената. (...) Пред крајот на април, на Бродвеј и 53.улица се отвори клуб под името Cheetah.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога почна да се разденува, мракот не се топеше во светлина, туку се згуснуваше во широка лента која бавно се стеснуваше во огромен флор, па во конец кој светлината го пресече како со ножици, пуштајќи нов ден во светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)