леснотија (имн.) - ги (зам.)

Со подеднаква леснотија ги фаќаат предметите со долги пипала како што би ги фаќале со раце.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со леснотија ги отвара кантите за ѓубре независно дали капакот е на жабици или гвинт.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но, иако совршено добро знаеше да им гледа на кафе на познати и на непознати, чии судбини, желби и минато со леснотија ги читаше од филџаните, во својот никогаш не можеше да види ништо, ниту пак на некој објективен начин можеше да ги протолкува оние фигурички и форми што ќе ги видеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако ѝ ја ставив дланката на задникот, телото ѝ се свитка во форма на лак, подавајќи се нанапред, потоа бавно, со леснотија ги помести двете нозе, доближувајќи ми се сосема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)