лето (имн.) - ќе (чест.)

Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој аусвајс гарантираше дека во блискиот Претор на лето ќе добиеш конак во едно соц-реалистичко летувалиште и голем дел од летниот распуст ќе се излежуваш на плажа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Зар со неа ќе се бањам во реката, зар со неа цело лето ќе трчам по ливадите?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ти гарантирам, дедо, дека летово ќе ти биде најинтересно од сите твои колибарски лета.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Верувај, мило ни е што цело лето ќе бидеме заедно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така се создава низата на животот во која низа таа само уште наредново лето ќе биде слободна како пирнуга, а од следната есен со учење ќе ја надополнува низата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во текот на летото ќе се снимаше целата документација на изградбата, а по потреба на етапите во градењето ќе се продолжи и вон сезоната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште еднаш одекнува гласот на Сеген, тишината, небаре коз­лето ќе се премисли и ќе го слушне покајничкото мекање...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Има ли надеж дека пак лето ќе биде?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)