Од секаде насекаде
ѕиркаат, заѕидани
како јајца
како леунки
живи
закопани:
тие на овој, погледот на
оној свет.
Крвави се темелите на великите крепости,
надтежнати од засирените солзи на жртвите.
Човекот е логор на гледачи
- притаени воајери.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)