Под огледалото стои масичка, а врз неа - леѓен со вода. Поарно ќе е да се наплиска и освежи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го кренав леѓенот со вода и преку надворешниот балкон го однесов во заедничката бања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во огништето, врз запалените дабови цепеници прскаат искри, разигран е пламенот, баботи во оџакот и блажена топлина одајата, а тој издолжува валкани и засмрдени нозе, ги пика во леѓенот со жешка вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги измив и прстите што не беа во завој а потоа бокалот вода што го истурив врз згазените лебарки ги одвлечка во канализацијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)