Нашата цел не е да го следиме или да не го следиме Freud кога овој во Leonardo гледа совршен претставник на еден вид на психолошки развој, каде што истражувањето „станува, во одредена мерка, опсесија и ‘ersatz’ на сексуалната активност”, и во кој, благодарејќи 12 Margina #3 [1994] | okno.mk ѝ на една посебна форма на сублимација, „инстинктот слободно може да му се посвети на активното служење на интелектуалните интереси (...)”. Leonardo, вели Freud, после еден инфантилен период на интелектуална активност во служба на сексуалните интереси, стигна дотаму да сублимира најголем дел од своето либидо во инстинктот за истражување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)