Еден од нив, од тие нејзини многубројни прстени не го испуштав од вид.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој беше смирувачки, како и првата слика на Холандија која ја видов пристигајќи со ноќниот воз во холандското утро: слика на светло-зелени холандски ливади во магла над кои како добри фантоми лебдат крупни крави.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Нејзините долги, тенки прсти, со многу сребрени прстени, летаа по мене и ме допираа како што ветерот ги допира нежните треви во јуни, во нашата ливада во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го пресекоа патот што се протега кон езерото, влегоа во некои ливади во кои зацапаа во водје, се пикнаа во капињето на некоја меѓа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Направивме договор со Мало Виштани да ни дадат шуплив гранит и тие ни дадоа, а ние им дадовме да покосат ливаѓе во Бела Војца колку што требаше да се отплатиме за каменот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)