ливче (имн.) - хартија (имн.)

Што град бил тогаш. Прекрасен, современ, богат. Светски. А сега?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таксито, пред заминување на аеродромот, Димитар ми додева искинато ливче хартија со испишано тростишје: „Страст во телото на планината Водно. Од зрак сонце.“
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Без збор клекна, подигна раце и остана така молбено и болно и небаре занесена во таа молитва што не исцелува болка, шепоти, моли, сплетува прсти, ги притиснува до градите, се ниша де напред, де настрана...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во зацрвенетите и ненаспани очи на Пандо бликаат солзи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Течат по избразденото лице. Паѓаат врз овенатите лисја на пелинот што расте крај прагот на бараката...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Им затреперуваат брадите. Затреперуваат образите. Загледани во ливчето хартија, одвај ја подголтуваат насобраната плунка. Се шират зениците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Командантот чудно свесен напиша на ливче хартија: „Земете го пиштолот таму каде што падна и нека ме замени некој друг“. Сакаше да го одврземе, но Бугаринот не дозволи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука за преврзување ми помогна Бугаринот. Јас му ги подавав завоите, а тој го преврзуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)