И видов дека сѐ што се кажуваше за одајата во описот од ливчињата на отец Мида, верно било, оти видов: одаја пространа, темна сосем, со среде на неа, што среде на светот беше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Томето молчеше. Во еден момент, молчејќи, стана, го отвори ноќното долапче и ѝ даде едно ливче на сестра си.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Потем го пуштивме ливчето на час, од рака на рака.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Но имаше нешто друго: половината непозната од ливчињата на отец Мида.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оној ден кога се слушна дека ќе дојде Филозофот, отец Стефан Писмородецот, насетувајќи разобличување на лагите негови, побара од мене дејание нечесно да сторам: да го украдам клучот од Јулијан Граматик, во библиотеката на семинаријата да влезам, и да му ги донесам од таму претсмртните ливчиња на неговиот отец, Мида.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Овој пат бакнежот за неа беше како пупка која на усните ѝ расцвета во ружа – во ливчињата на тој бакнеж таа ја сети свежината на капките роса и богатството на кадифеноцрвената боја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Можев да ги видам помамувачките ливчиња на семејното стебло, од макроскопската материја па сѐ до квантниот вакуум, пресметувајќи точно што се наоѓа помеѓу тие две сфери на време.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)