Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кај Ботеро, социјалната комедија не гаѓа грижи на совеста, неговите ликови се среќни накрај да бидат јавно, официјално, без никаков срам она што тие се во длабочината на душата; тие накрај се совпаѓаат со самите себе и тоа ги прави среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И двата лика се извонредно и суптилно извајани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нараторот зазема страна да остане во сенката на една интрига, чии два главни лика се, од една страна, неговиот татко, учен човек, либерал, разумен и, од друга страна, Чанга, човек од сортата на Мерлин кој станува народен симбол.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)