Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но и тоа беше достаточно за да се почувствуваат тие родители Грци, оти преку Дима секој од нив добиваше по цела лира на месец што го пуштил своето дете да учи „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За судија на борбата Мустафа ефенди го одреди прилепскиот кадија Абдурахим Али.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Сакаш ли да имаш мир и живот? Отпарај ги зашиените рабови од минтанот. Дај му ги лирите на шефот да ги чува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Најдовме еден чунџија, што префрлаше. Ни побара по пет лири на човек. Се согласивме.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- И дојде еден бугарски офицер од селото и ни рече да собереме пари, по три златни лири на куќа да му собереме за да нѐ води во Бугарија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)