Ја продаваат со парче леб само за 75 куруша, а тоа е помалку од една лира или од еден динар.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој тргуваше со нив како Јаков Евреинот со јагнешките кожи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гледаме во Ѓера. Тој му вели: „Ние да ти дадеме по сто лири или ти нам...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А ако имаш нешто вредно, на пример пари, некојa лира или наполеон, накит, нешто од пљачките, покривачите, веленцињата, чинии и лажици, дај ми ги мене, јас ќе ти ги чувам...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)