Филозофите Жил Делез и Феликс Гатари ја истакнаа истата поента, додавајќи дека на овие домашни територии не треба да се гледа како на територии што произлегуваат од некој внатрешен нагон туку дека тие израснуваат од интеракцијата меѓу една нехиерархиска група на мозочни функции и експресивните квалитети на самите територијални ознаки, на пример, бојата на одредени лисја или стебла што некои птици ги користат за да ги привлечат женките, или музичките одлики на птичјите песни, или дури фецесот или урината намирисани со секрети од специјални жлезди.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На крајот, по сè она што ќе се случи останува понекој искинат лист или список во кој за жал и не е сè забележано.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како што вели самата во својата песна „Поезија“- „Љубовта е поезија, поезијата е љубов“ (во претходната збирка „Полиглот на тишината“) целосно јасно укажувајќи на својата непресушна потреба секоја своја внатрешна состојба, надворешна иритација, секое најмало шумолење на лисјата или ветрот, да го искаже со стихови.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Постои еден таков список. Или, поточно, дел од него. Кога си слободен погледни го.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Само некои имиња, некои презимиња, а она, што е најжално, не постои никакво упатство: дали да се чува, кому да му се предаде, за што може да послужи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)