Литературата од времето на Шекспир е преполна со такви, би рекле халуцинаторни теми, врзани за сексуалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дотолку првокласните криминалистички романи по 1930-та (Валас за нив е припрост) ѝ соодветствуваат на маниристичката театарска литература од периодот меѓу 1600 и 1630-та.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Марино е само еден од можните примери, избран само поради потполноста на тој амурозен кабинет на чудесија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тескобноста и интелектуализмот - сосема автентичната тескобност на опстојувањето но и разиграно-очајничка склоност или очајнички-разиграна склоност таа angos- cia (тескоба, мака, тага, јад, мора) некако да се надмине - двете склоности водат во опасност од расцепување на свеста. (...) Ако пак споредуваме со нашиот век, можеме да речеме дека во најуспешните криминалистички романи поезијата на бесмислата често изнедадува, тоа е “meravi- glia” за интелектот, средство за возбудување на сетилата, за фантазијата пејсаж со “монструми”, а за разумот “inganno” (мамка).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)