Ги гледам своите колеги, тие испотени патници, како се борат со багажот: во секоја рака по неколку куфери, на лицето им ја читам подготвеноста да земат уште некој.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од лицата им капеше темнина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Врз лицата им се појавил темен знак на страв и ужасија. Нов Божји знак: Проклетилак.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Изгледа дека лицата им се уништени од водата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Од лицата им се губела зимската мувла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Птичјите очи на клунестите лица им солзеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Крадец, можеби и чекмеџето му го дрпнал од појас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не го укале веќе здивот во испуканите дланки и не скокале згрбавени од нога на нога за да се згреат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сфаќајќи го предизвикувањето на црниот Пандил, една од стариците со надеж, ако не и со радост, им рекла на другите тажачки дека секако ќе си ги споменат своите покојници крај мртовец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И црниот ѓавол можел да ги почитува тие луѓе како што можел да се восхитува и од нивните жени, повеќето трудни, кога ги пречекале на патот кон шумичката бабуњосаниот Адам Лесновец и попот Панделиј; лицата им биле тврди, како изделкани со чеканите на мажите од сив, модар и зелен камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лицата им се грчеле - црно и бело, биле ту негатив ту позитив на една глава. Мртво гледале кон трите запреги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со првите мугрени петли го заборавале спокојот на продуваниот празник и им се враќале на пештерите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но немаше сила повеќе, Исус ја спаси два пати третиот пат нѐ стигна злобното око на кнезот Тарасиј, престигна Качен на коњ високо со остра сабја во раце замавна силно бездушно, главата летна високо црвен дожд лицата им ги попрска на луѓето тоа што го видоа писнаа силно до небо...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И тројцата се гледаа зачудени и малку уплашени: лицата им беа пожолтени како штотуку станати од своите гробови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дали од дождот или од тежината лицата им се искривени и побелени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само очите им се гледаат, оти лицето им е со брада завиткано, свиснато.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На лицата им лазат муви, а тие мислат дека се снежинки, вели, привиденија, и стенкаат, викаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лицата им беа вцрвени, небаре коприва да им беше полазила по образите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Над нив се надвиснуваа сиви камени сводови за кои помислуваш дека во секој миг можат да попуштат и да се урнат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Сакате ли да умрам од смеа?“ темно ги праша. „Мислите ли дека ова е приватна штала?“ „Само оваа ноќ“ , молбено го погледнаа, во полумракот лицата им се претворуваа во остри и издолжени носиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тркалезните монголски лица им отстапија место на лица од поевропски тип, извалкани, брадосани и испиени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лицата им зрачеа од надежта, таа и така е сечија поткрепа, и на силни, и на слаби, си рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со измените од 2009, пак, наместо одредбата која пропишуваше губење на статусот заштитно друштво во случајот кога повеќе од три пати во последователни две години го наруши минималниот процент на инвалидни лица или падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време – усвоена е порестриктивна одредба според која заштитното друштво го губи овој статус ако повеќе од три пати во вкупно траење од 90 дена процентот на инвалидни вработени лица им падне под минимумот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според претходно-важечките одредби, на овие лица им се исплатуваше паричен надоместок до повторно вработување, или до настапување на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок, додека по промените од 2000 година стажот на осигурување од 25 го- дини им овозможуваше право на паричен надоместок на ист период со лицата со над 20 години стаж на осигурување, односно, 18 месеци (чл. 6, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На Цветко и жена му рацете им ожебавеа, им испукаа, лицата им се испија, се исушија, плеќите им за згрбавеа, но издржаа, - ја изградија оградата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Децата се поуспокоија. Уплаканите лица им се поразведрија кога се видоа во дворот под сенките на големите круши, сливи и кајсии.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Полковниците пак го чуја нејзиното викање и на лицата им се покажа непријатност.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нивните униформи беа бели, лицата им имаа розова боја како некој да им исплескал шлаканици; очите им беа сини.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Секое дете држеше по еден голем змеј од хартија, а лицата им блескаа во очекување и животна радост.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Лицата им беа сериозни и бледи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тие, како добрите, сигурно, по сите битки и дуели, ја добиваа војната и ги врзуваа лошите Команчи за столбовите на срамот, односно за вратите од оној камион во бившата гаража на „Бетон“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тоа го забележаа татко ѝ и мајка ѝ и лицата им се разведруваа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
„Па што?“ „Па нели велевте дека на болните пред да умрат лицето им се разубавува“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Ах, ни нему, ни нам уште не ни е дојдена среќата“, рече мајка му.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Заедно со Дора ги гледаа човечињата и се смееја затоа што лицата им беа многу смешни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
В лице им чдри тешка, неподвижна и задушлива жега и во од им суши здив.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Им се чинеше дека колку тие него не го гледаат толку тој може да забележи и дали нешто на лицата им трепнало.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Лицата им се земени од некој скинат плакат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мислиш, лицето им е само еден безначаен дел од униформата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога станавме, што ќе видиме: лицата им се затрупани со лисја и плодови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)