Беше многу тажно да се гледа оваа висока, преубава жена како пее покрај музика што доаѓа од мало касетофонче.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога завршија моите болувања, и мама престана да ми повторува дека ќе било подобро да не ме родела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Помеѓу некои песни солза � се провлекуваше низ лицето додека се обидуваше да ја пушти лентата. (...) Во центарот, во Вилиџ театарот, кој подоцна стана Филмур Ист, д-р Тим Лири во текот на целиот септември работеше претстави - кои се викаа Celebrations - for the League for Spiritual Discovery - ЛСД.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Х.Х., го следи верно изразот на моето лице додека ги оставаме бункерите зад нас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако Зигмунд ќе заминеше во училиште, моите сестри излегуваа во дворот зад зградата, а јас останував близу до мама, ја гледав како работи, гледав во нејзините раце и нејзиното лице додека переше, додека го рибаше подот, додека крпеше, везеше, готвеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неговата рака остана на нејзиното лице додека тој го продолжи и го прошири бакнежот од нејзините усни во нејзината уста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)