Луѓето биле предизвик на времето, о идеи, умирам за вашата бесмртност. ***
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
„Домот на лордовите, ако баш сакате. Тоа што јас го прашувам е, дали тие луѓе биле во состојба да ве третираат како подолен од себе, просто затоа што биле богати, а вие сте биле сиромав?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во бесот пак и во омразата, луѓето биле секогаш поспонтани.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Неговата кариера течела како да нема никаква сенка, но дојде момент, кога почна јавно да се зборува за масовните погибии без суд и за тоа кои луѓе биле егзекуторите.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Наближувам така и гледам дека и луѓето биле врзани со ортома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Неговите придружници можеле да бидат исто така пци пуштени од синџир но тешко го стасувале - Онисифор Мечкојад брзал, потрчнувал кон нагорнината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)