луѓе (имн.) - сака (гл.)

И Камилски и Татко се бореа, секој на свој начин, во нивната необична мисија како да се скроти и конечно да се победи зборот од којшто луѓето сакаа конечно да се ослободат или да го скротат, конечно да го победат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше зборови коишто потсетуваа на некогашната убиствена моќ, а сега како поразени остануваа во речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Слушај, Ерик, му реков, млад си, добро изгледаш и луѓето сакаат да те имаат покрај себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Свесна бев колку луѓето сакаат да ме провоцираат, не сфаќајќи дека јас самата тоа кај нив го предизвикувам, веројатно не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Борис Калпак воздивна. „Ми го подари Трипун Караѓоз. Се плаши - ќе му ги исече некој прстите и ќе му го земе, како што тој го симна од мртвата рака на злодејот со чалма.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде Чучук-Андреј и рече со пелтечење дека луѓето сакаат да појдат и да го извадат избеганиот Онисифор Мечкојад и од дупка на гуштерица ако треба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛУКОВ: (Првин долга, натегната пауза.) Моите луѓе сакаат да Ве заколат во потонот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Луѓето сакаат да остават на овој убав свет нешто што ќе трае повеќе од нив, нешто што ќе им служи на другите луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Луѓето сакаат да прават добрини, - почнувам да раскажувам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)