Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
О, сега е подобро, вели, имаат вода и струја секој втор ден, само што луѓето умираат, се опуштиле па умираат, да, сега е неспоредливо подобро, вели, и телефоните работат, и писмата, фала богу, доаѓаат, само што поштарите умираат, веќе двајца умреа во последниов месец...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)