луѓе (имн.) - си (зам.)

Тој кај неа седеше, па луѓето си мислеа што си мислеа, ама ни нему, ни на Бојана, па ни на Ристета ич не им беше гајле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разликите меѓу луѓето си остануваат разлики, нив ги условиле долги историски процеси.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уште кога го видов снегот на Алилово сиот искрвавен ми дојде да извикам Крвави Водици, но за да не ги исплашам луѓето си премолчив, вели Максим гласно и не свртувајќи се назад, спрема Лазора и спрема другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седнах, моми, окол' баба пред црковни врати, па сја пуљам и сја чудам зашт' е жаловита и што барат в таква доба т'мна и вечерна, кога људи сја собират дома си сос чељад; кога људи си оставјат дневни си печалби и сбирајат окол' себе дребни, мили рожби, па с них они сја печаљат да сја развесељат, да забравјат дни си чрни, маки, таги, глоби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Кога не можеше да се крене или да се стави албанското знаме во окупираниот град, луѓето си ги чуваа, ги криеја, убаво ги криеја националните знамиња, за други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето си ги вадат очи­те едни на други, а од ист народ и од иста вера се.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето си ги собираат рацете. Жените си ги собираат и шамиите и скутините, изгазени на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето си повторуваат: - Бог да го прости! Несреќа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето си мрдаат со главите, се вртат: „На Чако, на!“ Го вабат, наѕираат во тремот, во пондилата, под тезгерето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)