Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По оваа работничка голгота, се чинеше дека доаѓаат подоб ри времиња кога за оваа веќе пропадната фабрика се најде 249 заинтересиран странски инвеститор2 од Австрија [всушност, тоа беше наш македонски гастарбајтер од Виена кој имаше велешко потекло и – дали поради носталгијата, навидум, сериозно беше „загреан“ и сакаше да вложи во рестартирањето на фабриката].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Колку за илустрација, ќерката на еден поранешен синдикален лидер се фалеше дека од парите кои нејзиниот татко и ги давал како „џепарлак“, а таа педантно си ги собирала – подоцна си купила стан во Скопје!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)