24
Маглата се поткрева над котлините
визијата станува стварност
стравот се обвистинува:
се наѕира клисура, амбис сур
живописна урна
серт рис се задава од сртовите
како сираче, но отмен
и дрско убав, би рекла
смртно личен
само ревот негов ни бие
право в лице
насекаде околу-наоколу
мене и тебе, синко мој
бие бијно, очебијно
а сепак кревко
небаре може да се сотре
да се изгуби место нас
со еден замав на главата
со едно затнување на устата
со еден потег на четката
со мал премаз боја
со нов слој малтер
со обично будење од длабок сон
ама будење нема,
веќе нема назад и тебе те нема
Младост моја
само необичен сон, збор и допир
само задоцнета потрага по изгубеното
може да те оживее како свет -
но литературен
како сенка на сенката
„што било, пак ќе биде“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Телово беше претесно за тој оган што изгоре се и се претвори во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Одење по раб на магла. Долу маглата се развлекуваше. Горе снегот притискаше.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мислиш некој облак, некое клапче магла се тркала по опснежените ниви од полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Црна магла се издигнува над мојава изгубена душа понесена од дивиот порив на чувства и страсти што горат низ моиве вени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Облаци и магли се пореваат, се точкаат, небаре свински црева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ноќва како затнат оџак е темна и зачурена. Маглите се чадот од прегорените мечти во душата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
По долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)