Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А тие, мајки и вдовици, скромно го земаат купчето метал и, глеј’, во знак на благодарност за погинатиот маж или син некоја од нив ја бакнува раката на претседателот!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Доволно е некојa да го спомне загинатиот маж или чедо и тогаш очи наглотува солза.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Темјанушката е ѕвездолик цвет со пет ливчиња чија што боја е производ на додавањето на црвената боја (бојата на бесмртноста) во сината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога имам намера исказите да ми се однесуваат на геј- луѓето во целина, односно на лезбејките и на геј- мажите или, поопшто, на настраните (квировите), си го прилагодувам изразот).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)