Таа година посакав да научам да сликам. Долго време си бевме туѓи со Зигмунд, и со таа моја желба одново започна нашата блискост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мама убаво цртала - особено цвеќе - професионално - Зошто мама веќе не црта?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Беше тоа време на промени: дедо умре и неговата продавница им припадна на нашите родители; мама веќе не рибаше подови кај богатите семејства туку му помагаше на татко во продавницата; се преселивме во поголем стан на улицата Кајзер Јозеф.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно стануваше јасно и посигурно од сѐ - мама веќе никогаш нема да се врати.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)