Го стегна срцето, ги затвори очите, ја тргна силно уздата, до крв ги заби мамузите во ребрата на коњот и, не гледајќи, извика, како да му се откорна од дното на душата: - На Македонија!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По него летаа бомбашите, по нив фрчеа куршумите од залегнатиот аскер, дури еден од стотиците куршуми не го погоди Манола и тој на место остана да ја цеди крвта што му штрекаше од двете слепоочници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе го јавна коњот на седлото, со Ќосето зад него, и му ги забоде мамузите во ребрата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)