XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Градењето на манастирот започнало кога на овие простори владеел крал Волкашин, татко на Крали Марко, поточно од 1366 до 1371 година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)