Спрема тоа, манастирот Свети Наум во Протоколот од 1913 година, изрично е ставен вон границите на Албанија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во долината на Радика се наоѓа и манастирот Свети Јован Бигорски, културно - историски споменик од XIV век, со чудесен иконостас во резба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Укажа и на мислењето на рускиот цар Николај II, кој во тоа време изрично барал од Конференцијата на амбасадорите манастирот Свети Наум, како словенско светилиште, да му се додели на Кралството Србија, а со што се согласила и Австро-Унгарија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во Скопје влегуваме во манастирот Свети Спас во кој му се воодушевуваме, посебно на фасцинантниот иконостас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некаде околу ручекот стигнавме во манастирот Свети Наум.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
На Митровден отиде во Дуње и Бѕовиќ, на свети Аранѓел во Крушевица и Книно и оттаму собра десетина лири, просејќи милостиња за новиот „наш манастир свети Илија во село Мелница“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во селото Сушица, слегоа со некои луѓе кон манастирот свети Димитрија, крај кого шумолеше брза река, носејќи тревишта и искршени гранки од снеговите што ги беа повалиле таа зима дрвјата и грмушките од шип и бозел.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)