Сепак, гордоста не ми дозволуваше да седнам додека мокрам и само си ветив дека наредниот пат кога ќе го правам тоа длабоко ќе се концентрирам да не испрскам наоколу.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
“Затворени зад зелените маси или зад позлатените тезгафи, македонските емигранти врескаат до бога за слобода, но не се срамат да си го наполнат ќесето од секое бунтовно време, како во 1895 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Отспротива сјаеше и кујната, во која немаше ниту еден сад во мијалникот, ниту едно чиниче на масата или ноже на плотната.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)