мајка (имн.) - е (гл.)

Зад мајка е мајката на Христот пред која црцори кандилце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велеше дека секоја мајка е различна во своето мајчинство, како што животот на еден човек се разликува од сите останати, колку да им е сличен на другите луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш, кога седевме во пеперуткарникот, големата стаклена градина со тропски растенија изградена до куќата на Ауербахови, по која летаа облаци од пеперутки, Клара ни рече: „Имам видено мајки кои го даваат својот живот за животот на своите деца, и мајки кои им го одзеле животот на своите деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката е слаба, височка, сосем неусетно подведена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)