Толку многу ги радува кога мајка им ќе им ги стави на живинките чиниите од ручекот и кога тие ќе почнат да ги лижат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Нивниот татко бил со нив. И мајка им била таму. Тоа било доволно. ...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мајка им носеше сѐ уште топло дулсе ди мансана, благо од јаболка што мирисаше уште од далеку, а татко им се смееше и си тураше вино во чашата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гледајте, мојата мајка им се восхитуваше на богатите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- На мајка им у пичка на татко им у жучка - ги опцув и сочно го завршивме муабетот за проклетите курвини синови.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Прекрасни се“, извика Рози. „Каде е мајка им?“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Гледајте да не ви изгасне огнот! Дрва и јаглен имате во сандакот, - им рече мајка им на излегување.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Потоа Митко го наметна. Дојде мајка им.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во собата е топло. Мајка им добро ја запалила печката пред да излезе и таа сега гори со боботење.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- А каде е кожувот? - праша мајка им. - Го носи Митко.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Скоро ќе се врати мајка им и таа ќе им каже кој е виновен што им изгаснал огнот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Митко и Сашо се сами дома. Мајка им е излезена и нема да се врати до вечерта.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И тамам што поминаа две години убав живот, чичето се доразболе и им умре, од чиста пакост, како што мајката им се доверуваше на некои пријатели.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ина имаше сосема класична несреќна судбина до доаѓањето во циркусот: татко алкохоличар кој умрел рано; останале со мајка им, таа и Светлана; двете се истакнувале во партерна и атлетска гимнастика во училиштето, и по наговор на наставникот, почнале интензивно да тренираат со некој познат руски стручњак кој пребегал во Украина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Им понудил да работат кај него како добро платени проститутки; тие одбиле; тој се заканил дека ќе ги убие, и две ноќи ги држел заклучени во неговата куќа; дошла полиција и ги ослободила, но пукнал срамот, нивните имиња и фотографии се нашле во весниците и тие веќе не се вратиле во родниот град; дури, и ден-денес не знаат дали мајка им е уште жива.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие многу сакаа, кога ќе дојде мајка им од работа, да им чита песнички за полиња, ливади, цвеќиња и разни животинки, а најмногу сакаа цветчиња и пеперуги.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Мајка им тукушто беше излегла од кујната, а Златко се фрли кон шарената мачка што дремеше спокојно врз перницата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Љупчо, сосем логично сакаше да го исфрли на клоци, но на инсистирање на мајка им која без збор го чистеше изметот на Феликс, како што го крстија мачето, тоа остана во нивниот стан цели две недели.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Се сети на последните часови од мајчиниот живот; лежеше во задушливата темна соба на другиот крај од ходникот, а однадвор се слушна меланхоличниот италијански напев.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Другпат, дури уште беше жива мајка им, сите заедно отидоа на излет на ридот Хаут.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пресреќни беа со него и ја тераа мајка им да се облекува што поубаво, да не ја покрива косата со шамија, ами да прави фризура.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И затоа кога мајка им подолго време не ќе го видеше Богдана и се јадосуваше, тие трчаа на сите страни за да го пронајдат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ја воспоставуваа таа врска меѓу мајка им и Богдан зашто него повеќе го сакаа и гледаа дека по секоја средба со него, мајка им сè поведра и повесела станува и таа нејзина радост тие ја споделуваа со себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И мајка им дотерувајќи се, добиваше сосем подруг и поубав изглед. И помлада изгледаше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А Богдан го засакаа така силно зашто дознаа дека Шандор не им е вистински татко: мајка им им кажа дека нивниот татко умрел кога тие биле малечки и дека таа се премажила за Шандор и сè било добро додека тој не почнал да се однесува кон нив сурово, да ги тепа и да бара начин да се ослободи од нив.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога мајка им и Богдан понекогаш ќе им се одвоеја да прошетаат низ пченките тие остануваа да ги чекаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во тоа им помагаа и нејзините две деца: тие му кажуваа на Богдан кога е мајка им сама дома и каде им е татко им; му јавуваа каде го чека, а нејзе ѝ кажуваа каде тој ја чека.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога мајка им се зближи со Богдана и кога почуватвува дека не може тој без неа, му рече на Богдана: „Повеќе не се живее со оној проклет...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кликтеа од радост кога тој ќе ѝ купеше некој подарок на мајка им, а и ним, и го бакнуваа со своите устенца собрани како клунчиња, а му ги вртеа обрасчињата и тој да ги бакне.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кико и Лена беа основци, живееја со мајка им и ми доаѓаа еднаш неделно во станот што го добив од службата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа ќе одеше во недоглед, ако не пресечеше мајка им: - Си личи и на едниот и на другиот - се замеша таа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Додека мајка им зборуваше, девојчињата гледаа со страв кон собата, каде беше Марија со Карл.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Лиле ги избриша солзите... Елена не погледна ни во Наде, ни во мајка им. ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа премолче. Слушна дека мајка им отсечно рече: - Ајде деца, донесете нешто да каснеме.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Кај Лиле, послабо - одговараше мајка им, наместо нив, но затоа кај Наде има колку што сакаш.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Ајде мамо, чести нешто - рече Лиле, и без да ја чека мајка им, стана и направи по еден сок за сите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
За тоа, како ги караше мајка им да не се смеат и да не зборуваат додека ручаат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дедо им Диониш понекогаш на долго и на широко им кажуваше за Света Гора, ама раскинато, без ред, додека мајка им, исто така не одеднаш, туку расветлуваше по некоја година од тоа време.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сотирчо е готов да ја надуе гајдата како што вели мајка им, тешко му е да биде така влечен, а згора на тоа денот се смрачува, горе на небото како да се насобраа црни облаци и од време на време росолеа, пуштаа ситен дожд за дојденците да се намачкат сосема со кал и да се намократ и нивните бовчалаци, вреќи и сандучиња, како и самите тие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сотирчо го потсетува дека и мајка им ја нема, дека заедно со Тронда излегоа да го бараат и не се вратија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така беше и кога Италијанците ќе запреа пред нашата куќа крај Езерото, да постават митралез, или некоја одбранбена кота, мајка им проговоруваше на италијански јазик, како Италијанка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, со своето семејство, во куќата крај Езерото, а помладиот брат, сѐ уште неженет, остана да живее со мајка им и со сестрите во другата куќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ги повикував другите синови, барајќи некаква утеха во тоа, да побрзаат за да не биде доцна, да не си поигруваат со осаменоста на родителите, да заборават на помислата дека мајка им ќе биде секогаш тука, дека ќе ги чека, зашто, еве, мене повеќе не ме чека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка им мудро молчеше. Не можеше да пресуди.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Ги собрав така една ноќ со мајка им.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Мајка им втрча низ кујнската врата, држејќи се за нејзиниот раб, и го погледна семејството.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Беше последниот ден од полугодието и мајка им ги чекаше со книшките, во кои ќе бидат внесени полугодишните оценки за успехот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Мајка им ги погледна зачудено.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Чекајќи да дотрчаат весели со петките, мајка им повеќе пати погледнуваше низ прозорецот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога наближи времето за патување на годишен одмор, едно утро Љупка и Сашко ѝ рекоа на мајка им: - Мамо, годинава некако не ни се оди на одмор...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Во што е проблемот деца? - се насмеа мајка им и ги прегрна.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Мислев се е запустено, ама големото дете заедно со помалото и со мајка им го чуваа имотот, ги ораа нивите, не оставија троскот да ги јаде, сееја и жнееја и вршеа, гладни не останаа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дивјаци, мајката им стара.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нејзините чеда низ целиот живот ја шепотеа незаборавната молитва на мајка им, од времето кога ја минуваа границата, оттогаш тие сигурно веруваа дека боg постои.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
ЛИЦА:
МИХАЈЛО, 30
ЕВТО, 35, брат му
СУЛТАНА, 60, мајка им
РАЈНА, 25, жена на Евто
КИР ПАНАЈОТИС, грчки трговец, 50
ЕЛЕНА, жена му, 40
КИРО, бивш учител, 35
ГАВРИЛ, 30, брат му, востаник
АНГЕЛЕ, 40,
КАЈМАКАМОТ, 40
ГОСПОДИН ОСТОИЌ, Србин, 40
ГОСПОДИН ВЕЛКОВ, бугарски поп, 40
АРАМИЈАТА
ВОСТАНИК I
ВОСТАНИК II
ЗОГРАФ I
ЗОГРАФ II
Дејствието се случува во град во Македанија, лето, 1878 година.
прв дел
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тие наследиле нешто од карактерот на мајка им. Посебно Оливие.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мајка им се обратила на негуван италијански јазик.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Албанскиот муслиманин често се женел со рисјанка, а таа со ќерките одела во џамија, а пак тие со мајка им муслиманка оделе в црква.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Само на мајките им е дадено толку сила и љубов, вели, само за нив господ има разбирање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден голем орден со брилијанти на владиката Натанаил и еден брилијантен прстен на Герџиковата мајка им биле дигнати и дадени на нивниот пријател Јордан Бошков, емигрант од Велес, за да ги продаде.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)