Мајка ни ја искажуваше благодарноста со некоја ретка солза по лицето, една од многуте задржани солзи до стигнувањето на каталогот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А една тишина легнала во ќелијата, како кога мајка ни раскажуваше приказни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не поминуваше ни една недела а таа самата да не ни спомне што било за мајка ни, да не нѐ потсетува на нејзините особини за кои ѝ раскажувал татко ми.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Меѓу сите изговори што Мајка ни ги кажуваше за да го оправда заминувањето, беше главно аманетот што ѝ го оставил Татко, никогаш да не си ја напушта куќата, никогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)