мајка (имн.) - од (предл.)

Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од моментот на раѓање - кога бебето од камено време се соочува со мајката од дваесеттиот век - детето се подложува на тие сили на насилство наречени љубов, како што биле подложени и нивните родители, а пред тоа - родителите на нивните родители. okno.mk | Margina #22 [1995] 29
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Или под работен наслов, прилично крваво, поднаслов, ти се еба мајката од мене и вакви како мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Чесната интелегенција- партизан кој што носи наочари и ја има прочитано Мајка од Максим Горки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Излегува мајка од дома: обула некои влечки набосо, ја врзала шамијата под гуша, и речиси, од место подлетнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ева, ручекот е готов - извика нејзината мајка од прозорецот кој гледаше право во лулашката.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние неа ја поврзувавме со нашето писмо испратено во Италија за да ни се достави каталогот на Мајка од Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Низ полето кога помина Водолеа Мајките од небото гледаа Дечињата како им играат покрај реката И глас детски нагоре како се искачува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)