- Море мајката ваша!... - викаше тој и 'ржеше бесно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не престана да си кажува: - А кутри мајки ваши ништо не знаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Жената се исправи и ги испрати стражарите со „Да ви ја..л мајката ваша, копилиња низаедни!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Мајката ваша, кучиња едни! - опцу чичко Анѓеле и во правецот фрли бомба.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ќе ви ја исмука крвта и ќе ве расфрла. Тогаш јас ќе се смеам, мајката ваша.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видовитиот ги враќал кон стравот. - Сепак јас знам, синдраци мајчини. Ноќва ќе дојде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)