- И вие сте од мајка родени!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дојде и командирот на стражата, разбра во што е работата и нареди: Непретресена, мртовечката врволица тргна...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пуста Данче. Како да не е од мајка родена.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Вистинско, козјо млеко, како од мајка родена!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако сте од мајка родени, - но, беше кутнат на земја со врзани раце на грбот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бевме голи, како од мајка родени.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Нашата судбина се поистовети со нивната. Меѓу нас и нив сега нема разлика,” ми рече.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Еден од нив ме зеде и ми ја соблече облеката што можеше лесно да се соблече, другите делови од облеката со нож ги распара и ги расфрли околу масата. Бев гола како од мајка родена.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Прво облечи се а потоа поставувај услови“ ѝ велам, ама мртов ладен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И замисли си, батка, сите овие зборови таа ги изнареди као свеќи на прозорецот, а пред свеќите и пред отворениот прозорец таа лично се рашетува како од мајка родена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Оргијата инаку нема да ни успее. И таму ќе се расоблечеме. Голи, како од мајка родени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сопствената идеја да се соблечат голи како од мајка родени сега на Пера, во споредба со ова што го виде, му изгледаше повеќе од бедна.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Никому нема да кажам дека си тука. И тие се од мајка родени.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јас дете од мајка родено заколувам без око да ми трепне.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)