А при тие полевања, како и при првата средба на портата, кога ми го доведе момчето Боге од Бањи, беа приликата кога заустував да проговорам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Според митот, мајката никогаш не умира кога е во прашање спасот на чедото”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка никогаш не можеше да ги заборави тие мигови меѓу животот и смртта на пат кон блиската Корча поштедена тие денови од борбата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не туку-така секое утро настојував да се најдам покрај бунарот за да можам да му полевам на момчето да се исплиска со студената вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А згора на се, постојат и такви поединости во кои мајката никогаш не греши.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
XVII Мајка никогаш, никогаш во животот не ја видовме расплакана, ниту во несреќата ниту во среќата. Ги задржуваше храбро солзите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да не беше патувањето во Солун, во далечната 1917 година, Мајка никогаш не ќе дознаеше колку е голем светот, колку народи живеат во него и колку јазици се зборуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)