Наредниот ден молчела, ама сè уште дишела, зашто градите, исполнети со здив, незабележливо се кревале и се спуштале во камената темнина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вечерта, кога мајката обично го доела, го понесле детето по прашливиот пат, омеѓен со ниски џбунови избрстени од кози, а маченицата го поздравила доаѓањето на доенчето со извици на радост и со благослови наменети на деверите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)